20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајразвиените земји ја укинуваат помошта за централите на јаглен

Најразвиените земји ја укинуваат помошта за централите на јаглен

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Г7 на самитот во југозападна Англија се согласи да ја укине државната помош за централите со јаглен.

Лидерите на најразвиените индустриски земји се согласија на таа мерка по апелот на познатиот британски екологист Дејвид Атенборо дека треба да се покаже „глобална волја“ во борбата против климатските промени.

Говорејќи на самитот, Атенборо во обраќањето на светските лидери на самитот им посочи дека климатските промени се политички и научен предизвик.

„Имаме знаење и вештини за да ги решиме на време, потребна ни е само волја на светско ниво“, рече Атенборо.

Борбата против климатските промени е главната тема на последниот ден од самитот.

Г7 се очекува да ги зголеми финансиските алокации за климата и да одвои 100 милијарди долари годишно, за да им помогне на сиромашните земји да ги намалат емисиите на јаглерод диоксид во борбата против глобалното затоплување.

На самитот беше презентиран инфраструктурен план познат како иницијатива „Да изградиме подобар свет“, кој ќе понуди транспарентно партнерство и финансиска помош на земјите во развој до 2035 година.

Сите земји од Г7 ветија дека ќе достигнат нето-нулта емисија на јаглерод до 2050 година, но многу екологисти велат дека ќе биде доцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП