19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСи-Ен-Ен: Извештај за истекување во кинеска нуклеарна централа

Си-Ен-Ен: Извештај за истекување во кинеска нуклеарна централа

Владата на САД минатата недела спроведе проценка на истекувањето во кинеска нуклеарна централа, откако француска компанија која делумно поседува и помага во работата, предупреди на „непосредна радиолошка закана“, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски официјални лица и документи во кои има увид.

Предупредувањето вклучуваше обвинувања дека кинеската безбедносна администрација ги подигнала своите прифатливи граници за откривање на зрачење надвор од нуклеарната централа Таишан во провинцијата Гуангдонг, за да се избегне нејзиното затворање, се вели во писмото на француската компанија Фраматоме до американското Министерство за енергетика, до кое имала пристап Си-Ен-Ен.

Според Си-Ен-Ен, и покрај алармантното известување, администрацијата на Бајден смета дека објектот сè уште не е на „ниво на криза“, рече еден од изворите.

Состојбата беше разгледана со француската влада и нејзините сопствени експерти од Министерството за енергетика, велат извори. Соединетите Американски Држави исто така биле во контакт со кинеската влада, соопштија американските власти, иако опсегот на тој контакт е нејасен.

Американската влада одби да објасни што е наведено во проценката, пишува Си-Ен-Ен и додава дека компанијата „Фраматоме“ контактирала со САД со цел да добие можност за користење на американска техничка поддршка со цел да се реши проблемот во кинеската нуклеарка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП