Биткоин ја достигна највисоката вредност во последните две недели од околу 40 000 американски долари откако шефот на Тесла, Илон Маск на Твитер ги отфрли критиките за неговото влијание на пазарот и рече дека неговата фирма би можела повторно да започне да ја користи оваа дигитална валута.
Биткоинот значително се зајакна откако Тесла во февруари вложи 1,5 милијарди долари во купување на оваа валута и објави дека ќе прифати биткон како платежно средство за своите автомобили.

