Генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, предупреди на растечките разлики во темпото на закрепнување на економијата од избувнувањето на пандемијата со Ковид-19.
Говорејќи пред новинарите на самитот Г-7, што се одржува на југозападот од Англија, Георгиева рече дека ММФ предупредува на „опасно различно темпо на закрепнување“, објави „Reuters“.

