16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВака изгледа новиот „Lexus NX“ (ФОТО/ВИДЕО)

Вака изгледа новиот „Lexus NX“ (ФОТО/ВИДЕО)

После долгата рекламна кампања, „Lexus“ конечно ја претстави втората генерација на својот кросовер „NX“. Ова е прв од вкупно 20 нови или ажурирани модели што компанијата ќе ги лансира до 2025-та година.

Со префрлување на модуларната платформа „TNGA-K“, која е основа на „Toyota RAV4“ и „Lexus ES“, кросоверот „NX“ доби помал центар на гравитација и огромен број нови технологии. Дизајнот не е радикално променет, бидејќи првата генерација ужива голем успех на пазарот. Сепак, инсталирани се нови фарови со интегрирани светла во форма на „L“ и променета решетка на ладилникот. Задните светла се исто така нови, а променето е и логото.

Новитетите во кабината се многу повеќе. „Lexus NX“ добива мултифункционален волан, 7-инчен екран на таблата со инструменти, достапен како опција, 10-инчен проекциски дисплеј и комплетно нов систем за инфо-забава „Lexus Interface“. Во својата основна верзија, тој има 9,8 инчен дисплеј, а опцијата е достапна и со 14 инчи.

Комплексот има вграден виртуелен асистент, кој може да го ажурира својот софтвер од далечина и да ги зачува личните поставки на секој возач. Исто така, има дигитален клуч што може да го користат 8 лица. Безжична поддршка за „Android Auto“ и „Apple CarPlay“ е достапна на барање на купувачот.

Основната верзија на кросоверот ќе биде „NX 250“, а располага со 2,5-литарски мотор кој развива 205 ks и 250 Nm. Тој е поврзан со нов 8-степен автоматски менувач, а погонот може да биде на предни или четири тркала. Во првиот случај, забрзувањето од 0 до 97 km/h (60 милји) трае 8,2 секунди, а во вториот 8,6 секунди.

Верзијата „NX 350“ е опремена со нов 2,4-литарски турбо мотор со 280 ks и 430 Nm поврзани со истиот автоматски менувач. Забрзувањето од 0 до 60 милји на час е за 6,8 секунди.

Најважното дополнување во гамата на модели е „NX 450h +“. Ова е прв хибрид на „Lexus“, базиран на 2,5-литарски бензински мотор. Системот е сличен на оној што се користи во „Toyota RAV4 Prime“, а само на струја сегашниот кросовер поминува до 58 километри. Времето на забрзување до 60 милији на час е 6 секунди.

„Lexus NX 450h +“ има систем за предвидување на ефикасен погон, кој е поврзан со навигација и ја оптимизира потрошувачката на енергија. Ги проучува навиките на возачот и со тоа се зголемува ефикасноста при возењето.

Во семејството постои уште еден хибрид, кој е стандарден – „NX 350h“. Ја заменува сегашната „NX 300h“, а вкупната моќност на погонскиот систем е зголемена за 20% – од 197 на 243 ks. Потрошувачката на гориво е намалена од 7,8 на 6,5 литри на 100 километри, а времето на забрзување до 97 km/h е подобрено од 8,7 на 7,2 секунди. Како и досега, системот „Lexus Hybrid Drive“ користи втор електричен мотор за управување на задните тркала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП