Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“ за лица над 60 години, поради стравувања од ретка појава на згрутчување на крвта, изјави денеска шефот на работната група на ЕМА за коронавирусот, Марко Кавалери.
Тој за италијанскиот весник „Стампа“ рече дека позицијата на ЕМА е сепак дека во контекст на пандемија, придобивките од вакцината се поголеми од можните ризици кај сите возрасни групи, пренесува „Ројтерс“.

