5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на кредитирањето во Кина

Пад на кредитирањето во Кина

kina8

Кинеските банки во јули одобриле помалку кредити отколку во претходниот месец, по рушењето на ликвидноста која ги разниша банките, покажаа денес податоците на централната кинеска банка.

Банките минатиот месец одобриле нови кредити вредни 699,9 милијарди јуани (114 милијарди долари), во однос на 860,5 јуани во јуни, наведува Народната банка на Кина, а пренесува агенцијата Франс Прес.

Јулските податоци, сепак, ги надминаа очекувањата на аналитичарите кои учествуваа во анкетата на „Dow Jones News“, а кои предвидуваа цифра од 633 милијарди јуани.

Проблемот со ликвидноста го уплаши кинескиот финансиски пазар на крајот на јуни, пред Народната банка да им наложи на банките да ја зајакнат ликвидноста и им понуди поддршка.

Народната банка на крајот на јули излеа 17 милијарди јуани во домашните банки, што е прв таков потег од февруари и чекор кој аналитичарите го толкуваат како подготвеност на центрланата банка да ги ублажи условите врзани за ликвидноста во банкарскиот сектор. Банката овој месец во економијата излеа уште 46 милијарди јуани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП