18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеми во Баку – Велс извлече бод од Швајцарија, 1:1

Реми во Баку – Велс извлече бод од Швајцарија, 1:1

Вториот натпревар на фудбалското Европско првенство го донесе и првиот реми исход. На националниот стадион во Баку (Азербејџан) Швајцарија и Велс одиграа 1-1 и освоија по бод во групата А во која синоќа на отворањето на шампионатот во Рим Италија со 3-0 ја совлада селекцијата на Турција.

Иако во три четвртини од мечот Швајцарците беа подобриот противник, создадоа многу повеќе шанси од противникот, сепак не успеаја да постигнат втор погодок.

Брел Емболо во 49 минута од мечот донесе предност за својата селекција од 1-0 откако во првото полувреме напаѓачот Сеферовиќ пропушти 2-3 можности за отворање на резултатот.

Токму Емболо беше најистакнат во вториот дел, неколкупати прецизно биеше кон голот на Вард, но чуварот на мрежата на Велс беше сигурен

Се чини без никаква игра, по една нафрлена топка Кифер Мур во 74 минута погоди со глава за конечни 1-1.

Нововлезениот Марио Гаврановиќ постигна втор гол за Швајцарија во 86 минута, но по ВАР преглед на ситуацијата, голот беше поништен поради офсајд.

Големите ѕвезди на Велс – Арон Ремзи и Герет Бејл не покажаа голем дел од своите мајстории затоа што Швајцарија беше подобриот противник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП