12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабавена инфлацијата во Чешка

Забавена инфлацијата во Чешка

ceshka1

Инфлацијата во Чешка во јули е неочекувано забавена на 1,4 проценти, од јунските 1,6 проценти, иако експертите прогнозираа стагнација или благ раст.

Според податоците на Чешкиот завод за статистика, на месечно ниво цените се намалени за 0,2 проценти.

На падот на инфлацијата најмногу влијаеле цените на храната и безалкохолните пијалоци и на домувањето. Цените на зеленчукот на месечно ниво паднале за 13,8 проценти, на компирот за 29 проценти, на гасот за 2,8 проценти, а на облеката и обувките во текот на сезонските распродажби за 2,3 проценти.

Од друга страна зголемени се цените на рекреација (2,5 проценти) и на погонските горива (1,4 проценти), пренесуваат чешките медиуми.

Резултатите го потврдија основниот образец на чешката економија во отсуство на инфлаторниот притисок. Во наредните месеци експертите очекуваат дека инфлацијата ќе се движи околу 1,5 проценти, што би требало да биде и просечна инфлација за целата година.

Сегашното ниво на инфлација може да го зајакне ставот на заговорниците на девизните интервенции за слабеење на националната валута – круната во Чешката народна банка.

Од денешниот извештај од состанокот на советот на Народната банка произлегува дека некои членови на советот ги окарактеризираа девизните интервенции како можни елементи за дестабилизација на домашната економија.

Спротивно на тоа, во дискусијата за потребата на понатамошно олабавување на валутната политика, неколку членови на советот се заложиле за итно спроведување на девизните интервенции. За сега е одлучено таа можност да не се искористи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП