27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Booking.com“ под истрага за затајувње данок во Италија

„Booking.com“ под истрага за затајувње данок во Италија

Италијанската финансиска полиција започна истрага за да утврди дали платформата за дигитално резервирање на сместувачки капацитети на „Booking.com“ затаила данок, соопштија официјалните лица.

Дигиталната компанија со седиште во Холандија е осомничена дека избегнала плаќање на повеќе од 150 милиони евра данок на додадена вредност (ДДВ) помеѓу 2013-та и 2018-та година.

„Booking.com“ потврди дека добила извештај од финансиската полиција и соопшти дека ќе соработува со истражителите.

Полицијата соопшти дека започнале да ги проверуваат резервациите за сместување околу Џенова уште во 2018-та година.

Се покажа дека „Booking.com“ издава фактури без ДДВ поради пренесување на даночна обврска, што доведе до тоа тие воопшто да не плаќаат даноци во Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП