2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDukat ги истиснува малите акционери од Љубљанската млекара

Dukat ги истиснува малите акционери од Љубљанската млекара

dukat3

На денешната средба на „Љубљанската млекара“ мнозинскиот сопственик, хрватската компанија „Dukat“, која припаѓа на групацијата „Lactalis“, ќе одлучува за исклучувањето на помалите акционери.

Од состанокот дознаваме дека „Dukat“ на малите акционери ќе им понуди по 8,75 евра за акција. Тие моментално поседуваат 52.113 акции, односно 3,48 проценти од акциите во компанијата.

„Lactalis“ во октомври минатата година презема 50,3 проценти од акциите на „Љубљанска млекара“. По одобрувањето од Агенцијата за заштита на конкуренцијата, делот во компанијата го префрли на хрватскиот „Dukat“, кој исто така е дел од групацијата „Lactalis“. После тоа, „Dukat“ го зголеми делот во својата сопственост на 96,52 проценти.

„Lactalis“ со преземањето на „Љубљанска млекара“ сака да ја зајакне својата позиција на пазарите во југоисточна Европа, каде сега веќе е еден од главните „играчи“ во подрачјето на производството и дистрибуцијата на млеко и млечни производи.

„Љубљанска млекара“ има вработено 550 луѓе во три погони во Словенија, а поседува и погони за преработка на млеко во Тузла во БиХ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП