28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМинерал неопходен за над 300 хемиски реакции во телото, проверете дали ви...

Минерал неопходен за над 300 хемиски реакции во телото, проверете дали ви недостасува

Неопходен е за повеќе од 300 хемиски реакции во телото, го одржува кардиоваскуларниот систем и нивото на енергија во телото, помага во релаксирањето…

За магнезиумот се говори често како и за железото, калциумот или витаминот Ц, а исклучително е важен за нормално функционирање на организмот. Истражувањата покажуваат дека речиси секој втор човек страда од недостаток на овој минерал, а не го знае тоа.

Магнезиумот најмногу е застапен во лиснатиот зеленчук, хељдата, јачменот, сојата и јаткастите плодови, кои ретко се на нашата трпеза. Некои од симптомите при недостаток на магнезиум се пореметување на срцевиот ритам, мачнина, главоболка, камен во бубрезите, депресија, зуење во ушите, грчеви и слабост на мускулите, замор, расеаност.

Одделни лекари тврдат дека магнезиумот е најважниот минерал за здравјето и го нарекуваат чудотворен. Неопходен е за повеќе од 300 хемиски реакции во телото, го одржува кардиоваскуларниот систем и нивото на енергија во организмот, помага во релаксирањето, добар е за коските, а некои истражувања покажаа дека штити и од дијабетес. Освен за здравјето, важен е и за убавината на косата, кожата и ноктите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП