25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНапиток кој ќе ја спречи кивавицата

Напиток кој ќе ја спречи кивавицата

Кога ќе дојде пролетта и дрвјата ќе започнаат да расцутуваат, огромен број на луѓе започнуваат да развиваат симптоми на алергија на полен. Ако и на вас ви пречи тоа и постојано ви тече и ве чеша носот, кивате, кашлате… пробајте го овој едноставен, а моќен еликсир кој ќе ве ослободи од маките.

Од алергија на полен страдаат многу лица. Станува збор за непријатна појава која неретко бара консумирање на антихистаминатици и други лекови против алергија. Сепак, пред да посегнете по хемиските препарати, пробајте го овој народен рецепт за напиток кој помага во ублажувањето на симптомите.

Состојки:

1 среден морков

2 големи портокали

½ краставица

5-10 листови нане

20 гр свеж корен од ѓумбир

Подготовка:

Измијте го и излупете го овошјето. Исецкајте ги сите состојки и ставете ги во блендер. Вклучете го блендерот и добро измешајте ги сите состојки, а листовите од нане додадете ги на крајот.

Како да го консумирате

Доволната количина од овој напиток е една чаша дневно која треба да се испие наутро, пред појадокот.

Овој лековит напиток ќе го зајакне вашиот имунитет па се препорачува и за оние кои не страдаат од сезонските алергии.

Како делува: Портокалите ќе го заштитат вашиот имунолошки систем бидејќи се одличен извор на витамин Ц. Нането е одличен природен инхалатор за респираторниот систем, кој по правило, најмногу страда кога ќе дојде пролетта. Ѓумбирот ја намалува главоболката која настанува како последица од зачестеното кивање, а исто така е и моќен антиоксидант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП