2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да се справите со вашиот безобразен колега?

Како да се справите со вашиот безобразен колега?

bezobrazenkolega1

Ако имате безобразен колега или соработник веројатно често умее да ви го расипе целиот ден, а работата се повеќе ја мразите токму поради него.

Сепак, најважно е да го промените својот став.

Што да направите во ваква ситуација?

1. Избегнувајте го. Ако канцеларијата е доволно голема обидете се да бидете на дистанца од него. Комуницирајте само по потреба и останете љубезни.

2. Кажете му/и дека е непријатен/непријатна. Кога ќе каже нешто несоодветно и безобразно едноставно кажете дека тој коментар не е на место.

3. Споделете со претпоставениот. Пожалете се дека вашиот колега знае да биде навистина безобразен и неговото однесување ве навредува.

4. Барајте преместување. Побарајте да ве преместат во друга канцеларија или барем подалеку во истата.

5. Прифатете го колегата онаков каков што е. Ако тој е безобразен – вие немојте да бидете. Ова е последното нешто кое ви преостанува. Неговите коментари не ги доживувајте како критика туку како негов стил за комуникација.

Што никако не смеете да направите?

1. Да возвратите со иста мера

2. Да изгубите нерви

3. Да се развикате пред сите

4. Да се расплачете

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП