Познато е дека Бил Гејтс е најголемиот приватен сопственик на земјоделско земјиште во САД, но она што досега не беше познато е дека компирот од кој се прави помфритот во Мекдоналдс се одгледува во полињата на милијардерот.
Според американските медиуми, компирот за помфрит на ланецот за брза храна Мекдоналдс се одгледува на полињата во државата Вашингтон кои се толку големи што можат да се видат од вселената.

