29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧетири земји упорно одбиваат да го воведат еврото - ова е клучната...

Четири земји упорно одбиваат да го воведат еврото – ова е клучната причина

Дваесет години по воведување на еврото, некои европски земји сè уште не се подготвени да се приклучат на монетарната унија.

Иако тие се обврзани да го воведат еврото, Шведска, Чешка, Унгарија и Полска, одлучија да го одложат на неодредено време, пренесува Пословни дневник.

Постојат различни економски, политички, правни, социолошки, па дури и емотивни причини за ваквата одлука, пишува HNB во својата анализа.

Во публикацијата со наслов ’20 годишнина од еврото: зошто некои земји сè уште не сакаат да се приклучат? ’, чии автори се Милан Дескар-Шкрбиќ и Давор Куновац, наведува клучен економски аргумент против воведувањето на еврото во тие земји – трошок за губење на монетарниот суверенитет.

Деветнаесет земји членки на Европската унија од вкупно 27, воведоа заедничка валута и влегоа во еврозоната. Од преостанатите осум земји-членки на ЕУ кои не се во еврозоната, од нив три Бугарија, Хрватска и Романија, изразија силен интерес за пристапување кон Европскиот монетарен механизам (ЕРМ II) и воведувањето на еврото во блиска иднина.

Овие земји, а особено Хрватска, се карактеризираат со висок степен на финансиска евроизација. Како резултат, приватниот и јавниот долг во овие земји се многу чувствителни на ризик од девизен курс, а можностите за автономна монетарна политика и курсна политика во овие земји се веќе прилично ограничени.

Во таа смисла, за овие три земји, воведувањето на еврото се чини дека е одржлив и оправдан избор на политика, се наведува.

Останатите пет европски земји, пишува публикацијата, не сакаат да се откажат од својот монетарен суверенитет. Данска, на пример, не е законски обврзана да воведе еврото. Од друга страна, Шведска и преостанатите три нови земји-членки, Чешка, Унгарија и Полска, се законски обврзани да го усвојат еврото во одреден момент. Сепак, овие земји одлучија да го одложат процесот на неодредено време.

“Постојат различни причини зошто овие земји сè уште не брзаат да го воведат еврото. Некои од нив се политички, некои социолошки,а некои емотивни по природа. Иако сите тие се многу важни, а понекогаш и клучни во создавањето позиција за приклучување кон монетарната унија, тие причини не се во фокусот на нашиот интерес. Нас во оваа работа не интересираат клучните цврсти економски аргументи против воведувањето на еврото во овие четири земји-членки што не се во еврозоната, а тоа се можните високи трошоци“, наведуваат авторите.

Во студијата се наведува дека аргументите против воведувањето на еврото може да се поделат во три групи. Првиот е значењето на девизниот курс како фактор на стабилизација или раст, што, како што се посочува, може да биде привлечно за земјите со ниско ниво на евроизација, како што се Полска, Унгарија и Чешка, каде што евроизацијата на кредитите се околу 10 до 25 проценти. Од друга страна, во земји како Бугарија, Хрватска и Романија, силната амортизација на локалната валута може да ја загрози финансиската стабилност поради високите нивоа на евроизација (40 до 60 проценти) и примената на валутна клаузула.

„Со оглед на тоа што сè уште има некои неизвесности во врска со иднината на еврозоната, некои од четирите земји-членки кои не се членки на еврозоната се определија за таканаречениот пристап „чекај и види“ (Бинзер Хоболт и Леблонд, 2009)„, се наведува во анализата.

Заклучено е дека воведувањето на еврото нема да доведе до значителни трошоци во однос на политиките за стабилизација и економските резултати.

Според Дарвас (2019), во економска смисла, четирите земји-членки кои не се членки на еврозоната би можеле да имаат добри резултати и во и надвор од еврозоната.

Затоа, нивната неподготвеност да се приклучат на монетарната унија не се заснова на цврсти економски причини, туку на поширок социјален и политички контекст.

Конечно, историјата на дискусии за воведување на еврото во тие земји сугерира дека некои идни случувања многу лесно би можеле да преовладат во корист на воведувањето на еврото, барем во новите земји-членки, според заклучокот од анализата на HNB.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП