6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„iPhone“ ќе може да се лоцира дури и кога е исклучен

„iPhone“ ќе може да се лоцира дури и кога е исклучен

„Apple“ официјално го претстави „iOS 15“ на конференцијата за програмери „WWDC21“, чија верзија за преглед е веќе достапна, а оваа есен ќе се појави стабилен „build“ наменет за сите корисници на поддржаните телефони.

Меѓу подобрените функции и ажурирања на софтверот на „iOS 15“, „Apple“ ја истакна надградбата на функцијата „Find My“ и сега појасни која ќе биде нејзината најголема придобивка.

Во повеќето случаи, кога некој ќе ви го украде телефонот, првото нешто што го прават е да го исклучат, што го прави буквално невозможно следењето на нивната локација. „Apple“ сега се справува со ова во „iOS 15“, така што смартфоните „iPhone“ ќе може да се следат дури и кога се исклучени.

Тимот од Купертино не дава детали за тоа како работи, но најверојатно станува збор за систем како „AirTag“ кој му овозможува на „iPhone“ да ја „пингува“ локацијата во одредени интервали.

„iOS 15“ ќе биде достапен за корисниците на телефоните „iPhone 6s“ и поновите уреди, но сè уште не е јасно дали претходно споменатото ажурирање на функцијата „Find My“ ќе биде достапно за секој што ќе го добие новиот оперативен систем или само за сопствениците на нови „iPhone“ уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП