19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНова инвестиција во автобускиот „Убер“, вредноста се искачи на 3 милијарди долари

Нова инвестиција во автобускиот „Убер“, вредноста се искачи на 3 милијарди долари

Групацијата FlixMobility, на која и припаѓа автобускиот оператор FlixBus, склучи нов договор за финансирање и доби уште еден силен американски инвеститор, Canyon Partners, објави компанијата.

Новата инвестиција изнесува вкупно 650 милиони долари и претставува комбинација на капитални инвестиции и позајмици.

Новата проценета вредност на компанијата е повеќе од 3 милијарди долари, што е значително повеќе од последната инвестициска серија во 2019 година, пишува во соопштението.

„Последната рунда на финансирање испраќа силна порака за идниот развој на нашата визија која се обидува да обезбеди одржлива мобилност за патниците ширум светот. Со затворање на оваа рунда на финансирање, ние сме добро позиционирани за идните развојни планови на FlixBus и FlixTrain“, рече Јохен Енгерт, основач и извршен директор на FlixMobility Group.

Во овој момент, вестите за инвестицијата претставуваат пресвртница за компанијата и нејзината идна силна стратегија за развој. Во текот на пандемијата, компанијата успешно се снаоѓаше со внимателно прилагодување на мрежата на линии и инвестирање во технологија и автоматизација.

FlixMobility во моментов се фокусира на понатамошен развој преку проширување на нови и постојни пазари и на проширување на железничкиот транспорт во Германија и Шведска, потпирајќи се на поддршката на ЕУ за понатамошно зајакнување на единствениот пазар.

Поддршката се заснова на фер конкуренција, односно на поставување законска рамка што овозможува влез на нови играчи на тие пазари со цел градење на сеопфатна понуда за одржлива мобилност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП