19 април, 2024
ПочетнаКОРОНАСАД планираат да донираат 500 милиони вакцини на светот

САД планираат да донираат 500 милиони вакцини на светот

Фајзер и германскиот партнер Бионтек, денес објавија дека се договориле да и испорачаат на американската влада 500 милиони дози вакцини за коронавирус, кои САД ќе ги донираат на сиромашните земји во следните две години.

Според најавата, испораката на 200 милиони дози ќе започне во август и ќе заврши до крајот на годината, додека 300-те милиони дози планирани за 2022 година ќе бидат испорачани во периодот од јануари до крајот на јуни.

Вакцините, кои ќе бидат земени од погоните на Фајзер, во САД, ќе бидат обезбедени по непрофитна цена, пренесува Ројтерс.

Донациите ќе бидат испратени до 92 земји со пониски примања, како и до Африканската унија.

Донациите ќе бидат доставени преку програмата Ковакс, која дистрибуира вакцини за Ковид-19 на сиромашните и земјите со среден приход, со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО) и Глобалната алијанса за вакцини и имунизација (ГАВИ).

Како што претходно објави Ројтерс, повикувајќи се на добро информирани извори, дека претседателот Џо Бајден ќе го објави договорот во четврток на состанокот на Г7.

Пред да замине за Велика Британија, претседателот Бајден пред новинарите изјави дека има стратегија за глобално вакцинирање, но не даде повеќе детали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП