19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕРазочарувачки резултати: Аспиринот, сепак, не помага во третманот на пациенти заболени од...

Разочарувачки резултати: Аспиринот, сепак, не помага во третманот на пациенти заболени од КОВИД-19

И покрај големиот број на пациенти вклучени во студијата, научниците не најдоа докази дека аспиринот ја намалува смртноста.

Аспиринот не ги подобрува шансите за преживување на пациентите примени во болница поради инфекција со коронавирус, покажа британско истражување.

Кај пациенти со КОВИД-19, најпрвин забележан е поголем ризик од згрутчување на крвта во телото, особено во белите дробови.

Помеѓу ноември минатата година и март 2021 година, беше спроведена голема студија на 15.000 пациенти примени во болници од КОВИД-19, а целта беше да се тестира ефектот на аспиринот, лек кој на широко се користиза спречување на згрутчување на крвта кај постоењето на некои други болести.

Како дел од студијата, вкупно 7.351 пациент примале по 150 милиграми аспирин дневно, а 7.451 не. Изборот бил случаен.

Истражувачите не пронајдоа докази дека аспиринот ја намалува смртноста, но било забележано дека пациентите на кој им бил даван аспирин биле хоспитализирани малку пократок период, од осум дена наспроти девет, и дека по 28 дена повеќе биле отпуштени од болницата по преживувањето на болеста (75 проценти наспроти 74)

Питер Хорби, професор по заразни болести на Оксфорд и еден од авторите на студијата, рече дека ваквите разлики се занемарливи за да се оправда широката употреба на аспирин кај пациентите со КОВИД-19.

Неговиот колега Мартин Ландреј, професор по епидемиологија, рече дека е разочаран од фактот што толку ефтин и раширен лек се покажа како неефикасен во овој случај.

Но, токму затоа е важно ваквото истражување – да открие кои терапии функционираат, а кои не, посочи тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП