26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗачин кој може да ја подобри вашата меморија

Зачин кој може да ја подобри вашата меморија

Истражување во Тајланд, кое е објавено во магазинот „Asia Pacific Journal of Clinical Nutrition“ открива дека еден зачин може да направи чудо за вашата меморија.

Имено, резултатите од истражувањето покажале дека само еден грам куркума може да го подобри вашето помнење.

Во традиционалната ајурведска медицина, куркумата се користи со векови за многубројни потешкотии нарекувајќи се чистач на телото.

Таа претставува природен антиобиотик кој го зајанува варењето и цревната флора, а исто така се препорачува во третирањето на некои кожни заболувања, како што се псоријаза и атлетско стапало.

Во спроведеното истражување, научниците заклучиле дека додавањето на само еден грам куркума во појадокот може да го подобри помнењето на лицето кое е во рана фаза од шеќерна болест или оние кои се изложени на зголемен ризик од когнитивни оштетувања.

Во истражувањето учествувале мажи и жени постари од 60 години на кои им е дијагностициран дијабетес, па е заклучено дека само еден грам куркума ја подобрува меморијата и го намалува ризикот за заболување од дијабетес во неговите рани фази.

Помнењето на испитаниците било тестирано пред и после консумирањето на куркума, а токму оние испитаници кои користеле куркума за појадокот имале подобра меморија во однос на оние кои не го користеле тој зачин.

Скриената тајна на куркумата лежи во фитохемикалијата куркумин, која се покажала како исклучително добра во лекувањето на разни заболувања – може да послужи како превенција на дијабетес тип 2, помага во борбата против рак на дојката и карцином на дебелото црево, а воедно делува и како природен антибиотик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП