28 март, 2024
ПочетнаКОРОНАИндискиот сој на коронавирус се пренесува 60% побрзо од британскиот, тврдат експертите

Индискиот сој на коронавирус се пренесува 60% побрзо од британскиот, тврдат експертите

Се верува дека индискиот сој на коронавирусот се пренесува 60 проценти побрзо од британскиот изјави денеска истакнатиот британски епидемиолог Нил Фергусон.

Фергусон рече дека проценките за преносливост се стеснети и дека научниците сметаат дека 60 проценти е веројатно најдобрата проценка кога станува збор за поголема преносливост на овој вид на коронавирус кој прв пат беше детектиран во Индија, објави Ројтерс.

Тој рече дека следната зима, третиот бран од пандемијата може да се совпадне со вториот бран во Велика Британија.

Засега, не е јасно колку добро вакцината штити од варијантата Делта или индискиот сој, вели експертот.

„Сосема е можно да доживееме трет бран што може да се спореди со бројот на хоспитализации“, рече Фергусон, додавајќи дека смета дека смртноста во тој случај веројатно ќе биде помала, со оглед на тоа што вакцините штитат.

Тој, сепак, забележува дека сето ова може да биде доста загрижувачко и дека има голема неизвесност.

Британскиот премиер Борис Џонсон смета дека е премногу рано да се одлучи дали ограничувачките мерки во Велика Британија ќе бидат укинати на 21 јуни, бидејќи сè уште се проценуваат податоците за тоа колку вакцините штитат од брзото ширење на индискиот, делта-коронавирус.

„Повеќе податоци ќе имаме во понеделник, но мислам дека она што секој може многу јасно да го види е дека растат бројките од новозаразени со коронавирус, а со нив, во одредена мера, и хоспитализациите“, рече Џонсон пренесува Ројтерс.

Британскиот премиер исто така рече дека она што треба да се процени е степенот до кој кампањата за имунизација, која е доста успешна, досега има изградено заштита на населението.

Министерот за здравство на Велика Британија Мет Хенкок во понеделникот предупреди дека последните извештаи покажуваат дека новиот, делта сој, кој сега е доминантен во земјата, е 40% позаразен од британскиот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП