26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодинава 200 милиони килограми грозје

Годинава 200 милиони килограми грозје

grozjeizvoz

Годинава се очекува родот на грозјето да достигне 200 милиони килограми но, во одредени региони, поради сушата, производството ќе биде намалено, смета Диме Златев, експерт за лозарство.

Според него, насадите се во добра состојба, а квалиететот на грозјето извонреден.

„За разлика од ланските околу 100 милиони килограми винско грозје во Тиквешко, годинава се очекуваат околу 80 милиони. Десертното ќе го има околу 20 милиони килограми само во Тиквешијата“, рече Златев.

Моментно се берат трпезните сорти, а за неколку дена ќе стартува и бербата на винските сорти грозје.

„ Лозарите очекуваат за квалитетно грозје да добијат добра цена и солидни услови на плаќање“, вели Златев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП