25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМаск и Безос немаат платено данок

Маск и Безос немаат платено данок

Среде меѓународната дебата за зголемување на даноците за мултинационални компании, истрагата на независната организација „ProPublica“ потврди во вторникот дека неколку американски милијардери успеале да избегнат плаќање данок на доход за неколку години.

Организацијата со седиште во Њујорк, која на својата веб-страница вели дека сака да „осуди злоупотреба на моќ и да ја предаде довербата на јавноста“, вели дека сопственикот на „Amazon“, Џеф Безос, не платил никаков федерален данок во 2007-ма и 2011-та година, а Илон Маск, сопственикот на „Teslа“, не го плати во 2018-та година.

Џеф Безос и Илон Маск се меѓу трите најбогати луѓе во светот.

Претприемачот и политичар Мајкл Блумберг, бизнисменот Карл Ајкан и филантропот Џорџ Сорос, исто така, избегнуваат плаќање на сите федерални даноци за неколку години, се додава во извештајот.

Организацијата дошла до овие заклучоци откако разгледала илјадници даночни пријави на богати Американци во текот на последните петнаесет години.

„Соедно, тие ги уништуваат темелите на американскиот даночен мит: дека секој го плаќа својот дел од данокот и дека најбогатите плаќаат најмногу“, пишуваат авторите.

На барање на „France Press“, екипите на Џеф Безос, Илон Маск, Мајкл Блумберг, Карл Ајкан и Џорџ Сорос сѐ уште немаат дадено коментар поврзан со оваа тема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП