25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален бројот на издадени одобренија за градба

Намален бројот на издадени одобренија за градба

g_gradba-katna-garaza

Во јуни годинава се издадени 180 одобренија за градење, што е за 27,7 проценти помалку во однос на истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.507.972.000 денари, што е за 83,1 процент помалку во однос на јуни минатата година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 139 (77,2 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 14 (7,8 проценти) за нискоградба и 27 (15 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 180 објекти, кај 139 (77,2 проценти) инвеститори се физички лица, а на 41 објект (22,8 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 199 станови, со вкупна корисна површина од 20.451 метар квадратен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП