Цената на биткоинот денеска повторно падна на светските крипто-пазари поради продолжувањето на еуфоричната распродажба на дигитални валути.
Најголемата криптовалута во светот изгуби 11 проценти од својата вредност до 11 часот по источно време, паѓајќи на 31,6529 американски долари, според Кин Метрикс, пренесува CNBC.
Големо загуби забележаа и помалите дигитални валути, при што етерот падна за скоро 13 проценти на 2.368 долари и XRP за повеќе од 12 проценти.
Во април 2021 година, се чинеше дека ова ќе биде година на полетување за дигиталните средства, со тоа што биткоинот достигна 60 000 американски долари за прв пат досега. Сепак, неодамнешниот пад на цените ја разниша довербата на крипто-пазарите. Биткоинот минатиот месец потона на скоро 30.000 долари и моментално е во пад од скоро 50 проценти од неговиот историски рекорд.
Вредноста на оваа дигитална валута сега е повисока за само 9,0 проценти отколку на почетокот на годината, но сепак е повеќе од трипати во споредба со цената пред една година.
Специфичната причина за новиот бран распродажби е нејасна, наведува Си-Ен-Би-Си, но забележува дека тоа може да е предизвикано од загриженоста за безбедноста на криптовалутите, откако американските власти успеаја да вратат поголем дел од откупот платен на хакерите кои извршија сајбер напад врз нафтоводот во САД минатиот месец.
Според судските документи, истражителите успеале да пристапат до лозинките на биткоин паричникот на еден од хакерите. Парите беа вратени од новоформираната работна група во Вашингтон, која беше основана како дел од владиниот одговор на растот на сајбер нападите.