29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМакрон доби шамар(ВИДЕО)

Макрон доби шамар(ВИДЕО)

Две лица беа уапсени по нападот врз претседателот на Франција, Емануел Макрон, за време на неговата посета на департманот Дром.

На видеото кое циркулира на социјалните мрежи го прикажува претседателот Макрон како шета опкружен со голем број луѓе, и како ги поздравува.

Оние кои сакаа да го видат претседателот одблизу, стоеја зад металните огради поради безбедносните мерки.

Во еден момент, претседателот пружи рака за да поздрави човек, кој беше облечен во зелена маица, очила и маска за лице.

Сепак, тој викна „Долу Макронија“ пред да му удри шлаканица на претседателот.

Безбедносната придружба на претседателот брзо интервенираше, го собори човекот на земја и го тргна Макрон.

Макрон е во посета на департманот Дром за да се состане со претставници на угостителските објекти и студентите, бидејќи разговарал за тоа како да се врати животот „во нормала по пандемијата“.

Сепак, тој ќе ја памети турнејата по шамарот што го доби од човек, чиј идентитет сè уште не е објавен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП