6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИлјадници Хрвати на „европското биро“

Илјадници Хрвати на „европското биро“

hrvatskavoeu1

Речиси 4.700 кандидати за работа од Хрватска испратиле свои биографии во базата на ЕУРЕС, европската мрежа на јавните заводи за вработување.

ЕУРЕС покрива 28 земји членки на Европската унија, како и Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн и Исланд.

Хрватска на 1 јули, кога и пристапи на ЕУ, формално стана дел од тие мрежи, воспоставени уште пред 20 години за да се подобри мобилноста на европскиот пазар на трудот.

Според статистиката објавена на интернет страната на ЕУРЕС, во базата моментално се пријавени повеќе од 1,1 милион кандидати, од кои од Хрватска се пријавени 4.678, пренесува регионалниот портал „Seebiz“.

Според тие податоци, Хрватска е сеуште далеку од некои други членки, како што се Шпанија и Италија, од каде во базата се регистрирани речиси половина милион луѓе кои бараат (подобра) работа.

Релативно е далеку и од државите во регионот, од Словенија и Австрија, на пример, кои имаат десетици илјади регистрирани луѓе кои бараат работа во ЕУРЕС.

Но, Хрватска е членка само нешто повеќе од еден месец, па извесно е дека бројот на нејзините граѓани кои бараат работа на европскиот економски простор или во Швајцарија ќе се зголеми, без оглед на тоа дали се моментално вработени или само се надеваат на подобри прилики во Европа.

На ниво на цела Европа, покажуваат податоците, најмногу луѓе бараат работа во подрачјето на администрацијата, економијата и правото. Следуваат категориите продажба и маркетинг, а потоа угостителството и хотелиерството.

Професиите кои се чести во базата за пријави се и од подрачјето на културата, медиумите и дизајнот, информатиката, но и од градежниот сектор, трговијата, па дури и од педагогијата.

Меѓу другото, присуството во базата на ЕУРЕС на кандидатите им овозможува преку електронска пошта да бидат информирани кога во огласите ќе се појави работно место кое ќе одговара на нивниот профил. Вкупно, преку ЕУРЕС, вчера биле огласени речиси милион и половина работни места ширум Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП