27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Швајцарија зголемена стапката на невработеност во јули

Во Швајцарија зголемена стапката на невработеност во јули

shvajcarija1

Во Швајцарија минатиот месец дошло до раст на стапката на невработеност на 3,0 проценти од активните граѓани, додека во јуни таа изнесувала 2,9 проценти, па вкупниот број на регистрирани невработени лица сега изнесува 128.516, објави швајцарскиот Секретаријат за економија.

Во соопштението се додава дека бројот на невработени во категоријата најмлади, од 15 до 24 години, е зголемен за 13,3 проценти, додека вкупниот број на невработени на годишно ниво пораснал за 10,5 проценти.

Истиот извор наведува дека стапката на невработеност во Швајцарија во последните месеци е сепак на најниско ниво од почетокот на 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП