19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбрз раст на кинескиот увоз во последните десет години

Најбрз раст на кинескиот увоз во последните десет години

Вредноста на кинеската надворешно-трговска размена повторно се зголеми во мај, покажаа официјалните податоци објавени во понеделникот.

Според кинеската царинска управа, извозот од втората по големина економија во светот скокна за 27,9 проценти на годишно ниво во мај на 263,9 милијарди долари. Во исто време, увозот порасна за 51,1 процент, на 218,4 милијарди долари, што е најголем раст во последните десет години.

Причината за големиот раст во споредба со минатата година се припишува на ефектот на ниската база, односно големиот пад на трговијата во минатата година поради пандемијата, така што во споредба со минатогодишните показатели, годинашните се многу подобри.

Иако надворешната трговија на Кина цвета со месеци, аналитичарите очекуваа уште посилно закрепнување во мај.

Рекордниот раст на кинеската економија започна на почетокот на годината, а економската активност се зголеми за 18,3 проценти во првиот квартал, во споредба со истиот период од минатата година. Ова е најголемиот скок во последните 30 години, при што се објавуваат квартални статистички податоци.

Владата на Пекинг воведе „нулта ковид-стратегија“. Со употреба на полициски час, масовно тестирање, пребарување контакти, карантин и строги ограничувања за влез, земјата во голема мера успешно ја контролираше инфекцијата со коронавирусот.

Од минатото лето нема поголемо ширење на болеста и ова им овозможи на економијата и секојдневниот живот да се вратат во нормала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП