19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Amazon“ планира да создаде нови 3.000 работни места во Италија

„Amazon“ планира да создаде нови 3.000 работни места во Италија

„Amazon“ годинава ќе ангажира 3.000 нови вработени на постојан договор во Италија како дел од својот „План за Италија“ насочен кон зголемување на инвестициите во земјата, објави компанијата за е-трговија.

Компанијата имаше 9.500 вработени кон крајот на 2020-та година на повеќе од 50 локации низ целата земја, соопшти групацијата.

„Растот на дигиталниот сектор е можност за рестартирање на земјата и ние сакаме да придонесеме“, рече Мариангела Марселија, менаџер на „Amazon“ за Италија и Шпанија.

Интернет гигантот додаде дека планира да инвестира над 350 милиони евра во три нови објекти, кои ќе бидат отворени на есен. Тие ќе бидат лоцирани во северните региони на Ломбардија, Пиемонт и Емилија-Ромања.

Во меѓувреме, „Amazon“ се подготвува за годинашниот „Prime Day“, кој се враќа во нормала во текот на летото, откако минатата година беше одложен за неколку месеци поради пандемијата. Компанијата неодамна откри дека тој би требало да се случи на 21-ви и 22-ри јуни.

На „Prime Day“, членовите на програмата за претплата на „Amazon Prime“ ќе имаат пристап до повеќе од 2 милиони понуди во сите категории, откри потпретседателот на „Prime“, Џамил Гани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП