22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонечно некој и на ММФ да му каже „готово е“

Конечно некој и на ММФ да му каже „готово е“

hungary1

Унгарската државна Агенција за управување со долгови (АКК) во понеделник ќе го отплати преостанатиот долг кон ММФ и ќе ја затвори канцеларијата на таа организација во Будимпешта. По консултациите на унгарските власти со ММФ, АКК во понеделник ќе ги исплати преостанатите 2,2 милијарди евра долг во три валути – долари, фунти и евра.

Народната банка на Унгарија оваа недела веќе исплати дел од преостанатиот долг во износ од 721 милион евра.

Како што објавиле властите, нема потреба за ново емитување на државни обврзници или некој друг начин за собирање дополнителни девизни средства, бидејќи февруарската продажба на доларски обврзници и приходот од евро-обврзниците биле доволни за целосно да се исплати долгот.

Унгарија, намерата за предвреме да го отплати долгот, односно што побрзо да се „откачи“ од ММФ, ја објави во јули.

Тогаш гувернерот на Унгарската централна банка Ѓорѓ Матолчи со писмо и порача на директорката на ММФ Кристин Лагард дека Унгарија исклучително ја цени поддршката што оваа организација и ја дала на неговата земја, потоа дека „стендбај“ аранжманот е речиси завршен, како и дека токму поради тоа „повеќе не е потребно ММФ да ја задржи канцеларијата во Унгарија“.

Унгарија во 2008, за време на социјалистичката влада, доби кредитна линија од 20 милијарди евра од ММФ и други кредитори.

Меѓутоа, владата на актуелниот премиер Виктор Орбан во 2010 одлучи да не го обновува договорот, со цел да се избегне засилена контрола од страна на ММФ. Последната рата од таа кредитна линија според договорот требаше да биде исплатена во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП