20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПандемијата го уништи работниот свет

Пандемијата го уништи работниот свет

Гај Рајдер, генерален директор на Меѓународната организација на трудот (МОТ), рече дека ефектите на пандемијата „ковид-19“ врз работниот свет се „катаклизмични“ и многу полоши од последиците од финансиската криза во 2008 година.

Отворајќи ја двонеделната министерска конференција на МОТ, Рајдер предупреди и на нерамномерното економско закрепнување по пандемијата, што делумно се должи на нееднаквоста во дистрибуцијата на вакцините, пренесува Ројтерс.

„Влијанието е разорно, катаклизмично. Општо, ова претставува таква криза во работниот свет, што е четири пати потешка од онаа предизвикана од финансиската криза од 2008-2009 година“, рече тој.

Агенцијата на Обединетите нации минатата недела соопшти дека најмалку 220 милиони луѓе се очекува да останат невработени ширум светот оваа година и дека загубата на работни места предизвикана од пандемијата нема да може да се надомести барем до 2023 година.

„Бидејќи внимателно го следиме процесот на закрепнување, со тоа што некои економии растат брзо, дури и многу брзо и сега создаваат работни места со голема брзина, мислам дека треба да бидеме свесни колку ќе биде нерамномерно закрепнувањето доколку сегашниот тренд продолжи“, додаде Рајдер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП