20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБугарија не ја менува позицијата за Македонија

Бугарија не ја менува позицијата за Македонија

Бугарскиот министер за надворешни работи, Светлан Стоев истакна дека позицијата на Бугарија кон Северна Македонија е јасна, конзистентна и предвидлива и не е променета.

Тој изјави дека привремената влада се води според Рамковната позиција и декларацијата на Националното собрание од октомври 2019 година.

„Нашата позиција ужива и поддршка од 85 проценти од бугарските граѓани“, изјави бугарскиот министер пред амбасадорите на земјите-членки на ЕУ.

Рече дека Бугарија отсекогаш покажувала волја за конструктивен и прагматичен дијалог со Скопје и ќе продолжи да работи на враќање на довербата.

„Очекуваме правни гаранции за усогласеност со Договорот од 2017 година и конструктивен одговор од Скопје за долгорочно решение на прашањето“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП