25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСАД одобрија нов лек за Алцхајмерова болест - прв после 20 години

САД одобрија нов лек за Алцхајмерова болест – прв после 20 години

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот нов лек за Алцхајмерова болест по скоро 20 години, игнорирајќи ги предупредувањата од независните советници дека третманот не е покажал дека помага во забавување на болеста која го уништува мозокот.

ФДА соопшти дека дала одобрение за лек на компанијата Биоген, за пациенти со Алцхајмер.

Тоа е единствениот лек кој, според американското регулаторно тело, постои веројатност дека ќе може да ја лечи самата болест наместо да се фокусира само на симптомите на болеста, како што се анксиозност и несоница.

Одлуката, која може да влијае на милиони постари Американци и нивните семејства, сигурно ќе предизвика несогласувања меѓу лекарите, медицинските истражувачи и групите на пациенти. Одлуката има и далекусежни импликации врз стандардите за проценка на експерименталните терапии, вклучително и оние што покажуваат само постепена корист.

Новиот лек што Биоген го разви со јапонската корпорација Еисаи не делува на таков начин лицето да се опорави од ментално влошување, туку само го успорува, покажала една студија. Се администрира како инфузија на секои четири недели.

Американската ФДА бара од производителот да спроведе дополнителна студија за да ги потврди придобивките на лекот за пациентите. Доколку студијата не ја покаже ефикасноста, ФДА може да ја повлече од пазарот, иако тоа тешко го прави.

Биоген не ја објави веднаш цената, иако аналитичарите проценуваат дека лекот може да чини од 30 000 до 50 000 долари за една година на лекување.

Околу шест милиони луѓе во САД страдаат од Алцхајмерова болест

Речиси шест милиони луѓе во САД и многу повеќе низ целиот свет имаат Алцхајмерова болест, која постепено ги напаѓа деловите на мозокот потребни за меморија, расудување, комуникација и основни дневни активности. Во последните фази на болеста, пациентите ја губат способноста за голтање.

Лекот наречен “Aducanumab” има за цел да помогне во чистење на мозокот од штетните наслаги на протеинот наречен бета-амилоид. Другите експериментални лекови го правеле тоа претходно, но не направиле разлика во способноста на пациентите да размислуваат, да се грижат за себе или да живеат самостојно.

Фармацевтската индустрија со години е преплавена со неуспешни третмани за Алцхајмерова болест, кои чинеа милијарди долари потрошени на истражување.

Одобрувањето на Американската агенција веројатно ќе ги оживее инвестициите во слични терапии кои претходно производителите на лекови ги оставија настрана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП