27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПорака од чистачката до шефот, поради која сите треба да се подзамислиме

Порака од чистачката до шефот, поради која сите треба да се подзамислиме

Забелешката во барањето за отказ што една чистачка му ја дала на својот шеф се проширила на социјалните мрежи, особено на Твитер, а луѓето масовно укажуваат на лошиот третман на помошниот персонал.

Нејзиниот менаџер „и го прочитал писмото“

Џули Казинс неодамна ја напушти својата работа како чистачка во HSBC, по 35 години работа.

Според зборовите на нејзиниот син Џо, во нејзината забелешка, 67-годишната жена напишала дека заминува затоа што нејзиниот менаџер ја навредил во канцеларијата.

Од компанијата за Би-Би-Си изјавија дека не можат да коментираат за одделни прашања во врска со персоналот, но работат на тоа да разберат што се случило.

Оваа работничка напишала во белешка дека третманот што го добила бил „ништо друго освен агресивен и суров“.

„Во свет каде што можете да бидете било што, бидете љубезни, затоа што сите вие не сте подобри од чистачка“, напиша таа.

Таа истакна дека чистачите и многу други често ги „забораваат“ на работното место.

Таа додаде дека решила да ја напушти компанијата по вознемирувачкиот инцидент со менаџерот, бидејќи сакала да работи со луѓе со кои се чувствува пријатно.

Повеќе од 3.000 коментари на Твитер

Објавата на нејзиниот син на Твитер во која тој го сподели она што неговата мајка му го напиша на шефот во отказот, привлече повеќе од 3.000 коментари на Твитер.

Многу корисници рекоа дека нивните родители, деца и колеги биле малтретирани работејќи како помошен персонал, како што се домаќини, домари, чувари и рецепционери.

Генералниот секретар на Сојузот на занаети, Франсис О’Грејди, за Би-Би-Си изјави дека чистачите играле витална улога за време на пандемијата, одржувајќи ги безбедно работните места и јавните простори, честопати под голем личен ризик.

„Работодавачите и владата треба да сторат повеќе за да го ценат придонесот на овие клучни работници што се занемаруваат“, рече таа.

Таа додаде дека треба да се стори повеќе за да се подобрат платите и условите затоа што „не е правилно толку многу чистачи да имаат ниски плати и несигурни договори“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП