3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиХ: Колапс, нема пари за пензии

БиХ: Колапс, нема пари за пензии

bih2

Исплатата на пензиите во федерацијата Босна и Херцеговина (БиХ) е прекината, бидејќи Заводот за пензиско осигурување нема доволно пари, што ги потврдува медиумските наводи дека МИО е пред колапс.

Како што пренесува Хина, Хрватската пошта (ХП) Мостар, еден од двата федерални поштенски оператори, соопштила дека не е во можност да изврши исплата на пензиите на сите свои корисници, бидејќи Федералниот завод не и го уплатил целосниот износ потребен за исплатата.

И покрај тоа, Хрватската пошта Мостар ја извршила исплатата на пензиите до износот на средства кој и бил исплатен, со цел барем дел од корисниците на пензии да земат пензија навремено, се наведува во соопштението на ХП Мостар.

Се додава дека ХП Мостар со исплатата ќе продолжи кога Заводот МИО на федерацијата БиХ ќе го уплати преостанатиот износ кој е потребен за исплата на пензии.

Медиумите во БиХ соопштија дека Федералниот завод МИО бил во минус од 35,7 милиони евра. Медиумите наведуваат дека до загуба во МИО дошло бидејќи владата на федерацијата БиХ не ги подмирила своите стари долгови од над 85 милиони евра.

Стабилизацијата на пензискиот систем беше еден од условите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) поради кој на БиХ во 2012 година и беше одобрен двегодишен стенд бај аранжман во износ од околу 400 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП