26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Remy Cointreau“ е оптимист во врска со годишните перформанси

„Remy Cointreau“ е оптимист во врска со годишните перформанси

„Remy Cointreau“ ги надмина очекувањата со прогнозата за раст на годишната добивка од работењето благодарение на закрепнувањето на побарувачката за својот врвен коњак во САД и Кина. Компанијата е оптимист и во врска со нејзините перформанси во тековната фискална година и пошироко.

Производителот на коњакот „Remy Martin“ вели дека излегол посилен од кризата со Ковид-19 благодарение на растечките трендови како што се поголема потрошувачка во домовите во САД, бумот на коктели и зголемена продажба на Интернет. Сето ова ги поддржа напорите на компанијата да се фокусира на поскапи алкохолни пијалоци за да ги зголеми нејзините маржи.

„Remy Cointreau“, кој планира да откупи до 1,98% од своите акции, ги воодушеви своите инвеститори со 85% зголемување на дивидендите. Веста ја зголеми цената на акцијата за 3%.

Компанијата предвидува „одличен“ почеток на фискалната 2021/2022 година која започна на 1-ви април и соопшти дека одлучила да ги зголеми своите инвестиции во комуникациите за да ги поддржи своите брендови.

Враќањето на побарувачката за неговиот врвен коњак во Кина и Соединетите држави, како и строгата контрола на трошоците, ја зголемија оперативната добивка од органски производи за 12,8 проценти на 236,1 милиони евра во фискалната година до 31-ви март.

Просечната прогноза на аналитичарите, и на самата „Remy“, беше за раст од 10%.

Ова претставува голем пресврт во бизнисот во споредба со падот на профитот на групацијата за 22% пред една година како резултат на влијанието на пандемијата.

Компанијата соопшти дека е уверена дека ќе постигне бруто маржа од 72% и оперативна маргина од 33% до 2030-та година, како и 67,3% и 23,4% во 2020/21, соодветно.

Во исто време, „Remy Cointreau“ ја потврди својата цел да стане „глобален лидер во ексклузивни алкохолни пијалоци“, истовремено градејќи деловен модел кој е повеќе фокусиран на одржливоста.

Иако „Remy“ очекува добар раст на оперативниот профит во оваа година, таа вели дека резултатот ќе биде под влијание на ефектите од валутата. Компанијата очекува меѓу 16 и 20 милиони долари, како и удар од 2 милиони евра по продажбата на средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП