3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Broadcom“ даде смела прогноза благодарение на скокот во продажбата на 5G

„Broadcom“ даде смела прогноза благодарение на скокот во продажбата на 5G

Компанијата „Broadcom“ предвидува приходи за тековниот квартал што ги надмина очекувањата на „Wall Street“, бидејќи компанијата за чипови го искористи растот на пенетрацијата на 5G технологијата.

Бидејќи глобалното лансирање на 5G се забрзува, големата побарувачка на скапи чипови што се користат во паметните телефони ќе му помогнат на бизнисот на „Broadcom“, кој смета дека „Apple“ е еден од главните клиенти на нејзината полупроводничка дивизија.

Компанијата произведува и чипови за центри за податоци и сервери. Очекува нејзините приходи за третиот квартал да бидат околу 6,75 милијарди долари, што е над прогнозата на аналитичарите за 6,6 милијарди долари, според „Refinitiv“. Прогнозите на „Broadcom“ за неговиот трет фискален квартал обично вклучуваат зголемено производство, со оглед на премиерите на новите модели на „iPhone“ на есен.

Зборувајќи пред инвеститорите, извршниот директор Хок Тан рече дека побарувачката за безжичениот сегмент на компанијата е поголема од очекуваната во штотуку завршениот втор фискален квартал, што може да доведе до помала побарувачка во третиот фискален квартал.

Тој рече дека долгорочните договори со клиенти како „Apple“ му даваат на „Broadcom“ доверба да инвестира во истражување и развој.

„Broadcom“ работи на насочување на чиповите кон крајниот пазар со оглед на побарувачката за електроника наместо за складирање за клиенти, напор за кој аналитичарите велат дека се исплати.

„Иако нашите инспекции во индустријата покажуваат значителен број на двојни нарачки во синџирот на снабдување на „Broadcom“, ние веруваме дека клиентите на „Broadcom“ сè уште не можат да акумулираат многу нарачки“, рече Кингхај Чан, аналитичар во „Summit Insights Group“.

Приходите на компанијата се зголемија на 6,61 милијарди долари во вториот квартал, кој заврши на 2-ри мај, од 5,74 милијарди долари од пред една година. Аналитичарите очекуваа 6,51 милијарди долари.

Компанијата пријави нето добивка од 1,49 милијарди долари или 3,30 долари по акција за периодот, во споредба со 563 милиони долари или 1,17 долари по акција, една година порано.

На прилагодена основа, компанијата заработи 6,62 долари по акција, надминувајќи ги очекувањата за 6,43 долари по акција, според „Refinitiv“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП