25 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија сака системски важните банки да ја зголемат својата ликвидност

Швајцарија сака системски важните банки да ја зголемат својата ликвидност

Швајцарската влада вели дека постојаните побарувања за ликвидност за системски важните банки во земјата, вклучувајќи ги „UBS Group AG“ и „Credit Suisse Group AG“, не се доволни, пренесува „Bloomberg“.

Анализата на најважните банки во земјата открива дека тековните побарувања за ликвидност веројатно нема да бидат доволни за да ги покријат ликвидните потреби во итни случаи или во случај на неисполнување на обврските, се вели во владиното соопштение во врска со четвртиот извештај за проценка на владата за банките, усвоени порано.

Работната група, која ги вклучува Министерството за финансии, Швајцарската национална банка и швајцарското регулаторно тело „Finma“, има задача да развива начини за прилагодување на барањата, се додава во соопштението.

Министерството за финансии исто така мора да даде предлози за тоа како може да се подобрат системите за поттик на големите банки.

Швајцарските регулатори внимателно ја разгледуваат стабилноста на кредиторите среде бурните месеци во секторот. Колапсот на „Archegos Capital Management“ нанесе штети на „Credit Suisse“, но и на „UBS“ во оваа година.

„Credit Suisse“ претрпе двоен удар, бидејќи претрпе и загуби како резултат на банкрот на комерцијалната финансиска компанија „Greensill Capital“. „Finma“ побара од „Credit Suisse“ да го зголеми својот капитал од втор ред за 1,9 милијарди швајцарски франци поради банкрот на „Greensill“. „Finma“ воведе и привремено зголемување на тампон за активата пондерирана според ризикот на банката, поради банкрот на „Archegos“. Банката, исто така, собра нови 2 милијарди долари од инвеститори преку конвертибилни обврзници за да го зајакне својот биланс на состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП