28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОткријте ги болестите според здивот и мирисот на телото

Откријте ги болестите според здивот и мирисот на телото

Резултатите на најновото истражување покажаа дека здивот може да ви открие од што сте болни.

Здивот на лице со дијабетес потсетува на ацетон, а ако мирисот потсетува на сирова риба, тоа упатува на заболување на црниот дроб.

Шизофренијата се открива кога потта мириса на оцет.

Тифусот ќе направи вашата кожа да мириса како печен леб.

Поради жолтата грозница кожата ќе ви мириса на месо, а инфекцијата на лимфните јазли ќе создаде мирис на застоено пиво.

Лекарите најавуваат дека наскоро ќе развијат технологија која ќе може да го „намириса“ и ракот на дојка. Неодамна се забележани бројни случаи кога пациентите „намирисале“ рак. Тоа било мирис на „распаѓање“, наведуваат.

Овие мириси обично се премногу слаби за човекот да може да ги забележи, но затоа се обучени кучињата да дијагностицираат дијабетес и карцином.

Научниците наведуваат дека кучињата не се единствени, туку тоа го можат и мушичките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП