27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАFacebook „соучесник“ во кражбите

Facebook „соучесник“ во кражбите

fb

Австриската полиција ја предупреди јавноста дека крадците се почесто ги користат друштвените мрежи за да можат да утврдат кога луѓето заминуваат на одмор, односно кога во куќите или становите нема сопственици.

Крадците највеќе го користат „Facebook“ за да дознаат кога некој дом ќе биде празен. Полицијата предупреди дека поставувањето на фотографии од куќата или имотот им даваат на крадците информации за тоа што можат да украдат додека куќите се празни и за која вредност станува збор.

„Бројот на грабежи поради поставување на фотографии на домот и од одморот значително порасна. Многу крадци и признаа на полицијата дека сите неопходни информации ги добиваат од „Facebook“, вели портпаролот на виенската полиција, Роман Хацлигер.

Полицијата исто така апелираше до луѓето да на е оставаат приватни податоци на „Facebook“, како што се датумот на раѓање или адресата. А исто така апелираа да не се прифаќаат непознати личности во кругот на пријатели на друштвените мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП