28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEricsson ја превзема Red Bee Media

Ericsson ја превзема Red Bee Media

ericsson1

„Ericsson“ го објави превземањето на британската компанија „Red Bee Media“, со што ќе продолжи да ја спроведува својата стратегија за трансформација од производител на традиционална телекомуникациска опрема во добавувач на опрема за мултимедијална инфраструктура.

„Red Bee Media“ започна со работа во 2002 година, како „BBC Broadcast“, односно комерцијална верзија на „BBC“, која е фокусирана на создавање на содржина и управување со канали.

Компанијата во 2005 година се одели од „BBC“ и го промени своето има во „Red Bee Media“, а во моментов има околу 1.500 вработени во Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија и Австралија.

Главните активности на компанијата се поврзани со управувањето на мултимедијални содржини, објавување на дигитални видео содржини, услуги поврзани со емитување на повеќе јазици, како и различни креативни услуги.

Во април, „Ericsson“ го превзема телевизнискиот бизнис на „Microsoft“-„Mediaroom“, а по превземањето на „Red Bee Media“ дополнително ја зајакна својата позиција на телевизискиот пазар. Финансиските детали во врска со превземањето на „Red Bee Media“ не се објавени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП