10 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАГерманскиот министер за здравство смета дека Балканците го започнале вториот пандемиски бран

Германскиот министер за здравство смета дека Балканците го започнале вториот пандемиски бран

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, и покрај бранувањата кои ги предизвика во јавноста и натаму стои на својот став дека патувањата во посета на роднини од Балканот и од Турција минатото лето го иницирале вториот пандемиски бран во земјата.

„Извлековме поуки од минатото лето“, изјави неодамна германскиот министер за здравство, за магазинот „Билд“.

Како што посочи Шпан во таа прилика, имало периоди кога околу 50 отсто од новите зарази со коронавирусот во Германија всушност биле увезени, а тука особено ги нагласи заминувањата на луѓето кои живеат и работат во Германија, а имаат семејства на Балканот и во Турција.

Изјавата наиде на осуди во Германија, а од турската заедница во оваа земја порачаа дека во прашање е стигматизирање на цели групи граѓани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП