19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ планира повисоки царини за земјите со ниски еколошки стандарди

ЕУ планира повисоки царини за земјите со ниски еколошки стандарди

Европските власти размислуваат за воведување дополнителни царини за увоз на челик, цемент и алуминиум произведени од земји со ниски еколошки стандарди, објави „Bloomberg“. На овој начин, ЕУ ќе се обиде да ја заштити својата индустрија, која е трасирана од новите цели за животната средина.

Досега, ниту една друга земја не изрече такви мерки. Според извори на „Bloomberg“, Европската комисија (ЕК) ќе развие систем на „казни“ за емисиите вградени во финалните производи. Ова веројатно ќе се случи следниот месец.

Санкциите ќе се базираат на трошоците што ги прават европските компании во однос на плановите за намалување на емисиите. Според информациите, увозниците ќе купат специјални сертификати, а нивните цени ќе бидат врзани за системот за трговија со емисии (ЕТЅ).

На пазарот, емисиите на јаглерод диоксид се зголемија 10 пати во последните години. На 14-ти мај беше постигнат рекорд од скоро 57 евра по тон, а на 2-ри јуни нивната цена беше околу нивото од 51 евро по тон.

Со овој потег, ЕУ ќе се обиде да постигне две цели – да ги заштити производителите во заедницата и да ги промовира еколошките напори во остатокот од светот. Но, според „Bloomberg“, ова нема да биде лесно, особено со земји како Кина, Украина и Индија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП