19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна освежениот „VW Tiguan Allspace“, позната е и цената (ФОТО/ВИДЕО)

Пристигна освежениот „VW Tiguan Allspace“, позната е и цената (ФОТО/ВИДЕО)

Моделот „Tiguan Allspace“ беше лансиран пред четири години и привлече голем број клиенти за тоа време.

Иако беше замислен првенствено како додаток на обичниот „Tiguan“, во моментов има дури 55% удел во продажбата на најбараниот „SUV“ модел на „Volkswagen“.

„Allspace“ беше освежен во средината на мај, а сега пристигнува во европските продажни салони.

Продолжениот „Tiguan“ сè уште им се нуди на клиентите во опции со 5 и 7 седишта.

Рестилизираниот модел е подолг за 22 mm од сегашниот, така што вкупната должина на возилото сега е 4.723 mm.

Волуменот на багажникот во опцијата со 5 седишта е 760 литри, и може да се зголеми на максимум 1.920 литри, со преклопување на потпирачот за грб.

Обновениот „Tiguan Allspace“ доби дигитален кокпит, а опремата е многу богата.

Меѓу другото, на клиентите им стои на располагање три-зонски „клима уред“, главен дисплеј, како и системот „Travel Assist“ на полуавтономно возење.

Опциите вклучуваат премиум аудио систем со 16-канален засилувач 480 W и 9 звучници, потпишан од „Harmon Kardon“.

Опсегот на мотори во Германија се состои од три бензинци „TSI“ и два дизели „TDI“. Основната верзија се напојува со 1,5-литарски „TSI“ со 150 ks, проследено со 2,0-литарски бензинец во опции со 190 и 245 ks.

Дизелот е 2.0-литарски „TDI“ и може да се нарача во варијанти од 150 и 200 ks.

Продажбата на европскиот пазар е веќе започната, а цената на освежениот „Tiguan Allspace“ започнува од 36.230 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП