Црниот дроб е еден од најважните органи бидејќи ги преработува сите токсини кои ги внесуваме во телото. За да бидете здрави, мора да го одржувате здрав, а природната детоксикација е најдобриот избор.
Треба да пиете барем два литри вода дневнo, да дишете длабоко, и да бидете опуштени. Би требало три минути да се туширате со топла вода, а веднаш потоа триесет секунди со ладна вода, бидејќи тоа го подобрува крвниот притисок и ви прави мал детокс. Освен овие мали совети, ви предложуваме и неколку намирници кои на природен начин ќе го одржуваат вашиот црн дроб здрав.
Топла вода со лимон
Одличен начин за детокс. Ова треба да ви стане навика, секое утро да се напиете една чаша со млака вода со половина лимон. Не додавајте шеќер.
Лук

Додадете малку лук при готвењето или исецкајте малку свеж лук во салатата. Лукот е одличен бидејќи ги активира ензимите и природниот штит на црниот дроб.
Зелен чај
Тој го прочистува црниот дроб од токсини, го штити од запушување, и му овозможува комплетно да функционира.
Авокадо
Јапонските научници откриле дека авокадото содржи соединение кое го штити црниот дроб од оштетување.
Магдонос

Магдоносот можете да го додадете во сите јадења, тој ги отстранува тешките метали со што значително се подобрува работата на црниот дроб.
Куркума

Ако за природна детоксикација ја одберете куркумата, одлично сте одбрале бидејќи таа не само што го штити, туку и ја подобрува неговата регенерација.