25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Microsoft“ ќе претстави нова верзија на „Windows“ на 24-ти јуни

„Microsoft“ ќе претстави нова верзија на „Windows“ на 24-ти јуни

„Microsoft“ соопшти дека ќе ја објави следната генерација на „Windows“ на 24-ти јуни, пишува „CNBC“.

Ова се случува само една недела откако извршниот директор Сатја Надела навести големи подобрувања за развивачите на оперативниот систем за персонални компјутери, како и за креаторите на содржини.

„Windows“, доминантен компјутерски оперативен систем во светот, генерира 14% од приходите на „Microsoft“. Технолошкиот гигант прави две ажурирања на „Windows 10“ годишно откако ја понуди оваа верзија во 2015-та година.

Надела ја коментираше темата за „Windows“ минатата недела, веднаш откако компанијата објави дека нема да понуди „Windows 10Х“. Овој оперативен систем првично беше дизајниран за уреди со двоен екран, како што е „Surface Neo“, чие ослободување беше одложено.

Компанијата потоа го насочи фокусот кон компјутерите со еден екран, како што се лаптопите „Windows 10Х“, но на 18-ти мај рече дека „наместо да лансираме производ наречен „Windows 10Х“ во 2021-ва година, како што првично имавме намера, ќе се засноваме на она што го научивме. Од нашиот досегашен пат ќе ја забрзаме интеграцијата на основната технологија „10X“ во другите делови на „Windows“ и во другите производи на компанијата.

Во мај, „Microsoft“  ја објави најновата надградба на „Windows 10“, која вклучуваше само мали измени.

Компанијата во моментов работи на ажурирана верзија на „Windows“ со кодно име „Sun Valley“, која вклучува посовремен интерфејс, со заоблени агли на компоненти како што е менито „Start“, пишува во февруари веб-страницата за новини „Windows Central“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП