3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНов експеримент на НАСА: На ISS испраќаат млади лигњи и водени мечки,...

Нов експеримент на НАСА: На ISS испраќаат млади лигњи и водени мечки, а за тоа има и добра причина

Американската вселенска агенција НАСА планира да испрати на Меѓународната вселенска станица (ISS)128 млади лигњи или параларви и 5.000 микроскопски долговечни животни (тардигради) , кои колоквијално се нарекуваат водени мечки заради нивниот изглед, пишува Би-Би-Си.

Малите суштества, заедно со останатата експериментална опрема, ќе бидат лансирани на ISS на ракетата Falcon 9 на SpaceX, а целта на нивното патување до орбиталната станица е да им помогнат на научниците да најдат одговори на клучните прашања во врска со летот во вселената и дел се истражувањето за ефектот на вселенскиот лет на комплексни интеракции помеѓу корисните микроби и животните.

Лансирањето е закажано од подлогата 39А од вселенскиот центар Кенеди во Флорида во четврток во 13:29 часот (17:29 по Гринич) и ќе го пренесува НАСА во живо.

Експертите појаснија дека младите лигњи и водените мечки се користат затоа што нивниот имунолошки систем е сличен на човекот.

Експериментот треба да им овозможи на научниците понатаму да развиваат заштитни мерки насочени кон зачувување на здравјето на астронаутите за време на долгите вселенски мисии.

НАСА испраќа параларви или млади лигњи во вселената за да открие какво е однесувањето помеѓу лигњите и група симбиотски микроби во микрогравитацијата.

Животните, како и луѓето, се потпираат на своите микроби за да го одржат здрав сопствениот дигестивен и имунолошки систем. И сè уште не разбираме целосно како летот во вселената влијае на овие корисни интеракции, рече научникот Џејми Фостер, додавајќи дека младите лигњи треба да придонесат за разбирање на важни проблеми со здравјето на животните. Пред да се вратат на Земјата, лигњите ќе бидат замрзнати, пишува BBC.

НАСА испраќа и 5.000 водни мечки на ISS, микроскопски животни кои можат да преживеат во различни екстремни средини за разлика од другите живи суштества.

Ова е причината зошто тие се совршени за проучување за тоа како реагираат живите суштества и како се прилагодуваат на екстремните средини. Целта е да се искористат добиените информации за подобро разбирање на факторите кои влијаат на здравјето на астронаутите за време на долгите вселенски мисии.

Една од нашите цели е да разбереме како водните мечки преживуваат и се размножуваат во такво опкружување и да се обидеме да утврдиме дали можеме да научиме нешто за „триковите“ кои ги користат, за подоцна да ги искористиме во заштитата на астронаутите “, рече Томас Бутби, водачот на експериментот.

Друга цел на мисијата е да утврди дали роботски раце можат да се користат од далечина со употреба на технологија за виртуелна реалност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП