26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБесплатен, а празен: Само петтина од граѓаните на овој главен град користат...

Бесплатен, а празен: Само петтина од граѓаните на овој главен град користат јавен превоз

Воведувањето на бесплатен јавен превоз во Луксембург пред една година не ги промени драстично навиките на граѓаните.

Тие сè уште не го користат многу.

Една година откако стана бесплатен, само двајца од 10 жители редовно одат на работа со јавен превоз. Шест од 10 лица сè уште патуваат со автомобил, според државната агенција за статистика.

Со население од само 614.000 жители, Луксембург е една од најмалите земји во Европа и е прва земја во светот каде од 29 февруари 2020 година јавниот превоз е бесплатен за сите, потсетува РТС.

Една од целите на проектот беше да се зголеми бројот на патници во јавниот превоз за 20 проценти до 2025 година.

Луксембург има огромен сообраќаен проблем. На главните патишта редовно има сообраќаен метеж, автобусите се старомодни, а железничката мрежа е позната по доцнењата.

Околу 200.000 работници, што е скоро половина од работната сила на Луксембург, патуваат од Белгија, Франција и Германија, а ги привлекува добрата плата и богата економија.

Гужви прават и „Бензински туристи“ од соседните земји, кои ја преминуваат границата поради пониските цени на дизелот и бензинот.

Изгубениот приход од билетите, поради бесплатниот јавен превоз, изнесува 41 милион евра, но тоа го надокнадуваат даночните обврзници.

За многу работници во Луксембург, сепак, државата го субвенционираше годишниот билет, така што всушност малку луѓе трошеле пари за превоз претходно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП